Видео: Јанева со полициска придружба се упати кон Кривичен суд

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со полициска придружба го напушти нејзиниот дом во Козле и се упати кон Кривичниот суд, каде ќе биде изведена пред судија во претходна постапка, кој треба да одлучи по барање на ЈО за одредување мерка притвор објави Телма.

Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. Таа беше приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог и беше одземен компјутерот. Потоа специјалната обвинителка повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е вршен и во нејзината куќа во Гевгелија.

Осомничена е дека ја злоупотребила службената положба а за помошта на Орце Камчев добила награда, мебел во вредност од 298 000 денари, додека претходно осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец во два наврата од Камчев земале сум во износ од 1,5 милиони евра.

Јавното обвинителство ќе ги преземе сите мерки за целосно расчистување на случајот најавувајќи неселективна правда.

Видеото погледнете го тука

- Реклама -