Јовановски земал милиони евра, а Јанева само 5000 и тоа во форма на мебел?

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а во врска со предметот „Рекет“.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување лична корист.

Јовевски кажа дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари така што влијаела на постапката овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“.

„Еден од осомничените, Јовановски, со влијание врз Јанева врз база на претходно изградено блиско пријателство, влијаел врз неа за таа да преземе недозволени дејствија, За едно лице Орце Камчев, да му се олесни притворот, да му се замени со куќен притвор, да предложи во СЈО, спогодба за вина со плаќање на отштета и враќање на пасошот“, рече Јовески, поткрепувајќи го ова фактографски со датуми и активности потоа со кои се реализирани сите овие ветени олеснувања, до едно.

Двајцата, за да го убедат осомничениот Камчев дека Јанева има влијание, преку спикерфон од телефонот добиле нејзина потврда пред Камчев дека ветувањата за олеснувањата ќе бидат извршени од неа.

Од ова, сопругата на Орце, Ана Камчева му платила на посредникот Јовановски првин 500.000 евра, а потоа Камчев од куќен притвор, рече Јовески, уште милион евра.

Со ветување дека ќе биде заштитен сведок и ќе плати со спогодба, без да оди во затвор, Јанева од Камчев прибавила мебел од 298 илјади денари, во исто време кога бил доплаќан милионот евра за Боки 13 и за Кичеец.

- Реклама -