Град Скопје работи на тоа веќе од следната година да биде забрането движење на автомобили во центарот на Скопје, по примерот на „секаде во светот“, вели градоначалникот Петре Шилегов за „САКАМДАКАЖАМ.мк“.
Според него, се работи на тоа потегот од крстосницата кај Собранието – па до трговскиот центар „Палома бјанка“, да стане пешачка зона. Шилегов најавува целосно нов изглед, со уреден плочник и тротоари, како и проширување на паркот „Жена борец“. Повеќе детали прочитајте ТУКА.