Катерина Трајкова Нурџиева е македонски национален деец, борец во НОВ, секретар на Методија Андонов-Ченто и внука на Гоце Делчев. Катерина Нурџиева е почесен граѓанин на Делчево.
Катерина Нурџева е родена во Горна Џумаја (денес „Благоевград“) во 1922. Нејзините родители биле приморани да се преселат од Егејска Македонија во Пиринска Македонија во 1915 година. Дедото на Катерина е брат на Султана, мајката на Гоце Делчев. Таткото на Катерина и Гоце Делчев се први братучеди и соборци во македонското револуционерно движење.
Завршила учителска школа во 1943 година и била испратена да работи како учител по бугарски јазик во Штип. Поради тоа што не се согласувала со бугарската окупација на Македонија и бугарската политика кон Македонците, таа била притворена во штипскиот затвор, а потоа депортирана на егејскиот остров Тасос.
Во јавноста е актуелна веста за тоа чиј револуционер бил Гоце Делчев, македонски или бугарски… Ова прашање било ставено на маса на македонската и бугарската комисија, кои во рамките на Договорот за добрососедство помеѓу двете земји разговараат за историјата.
Катерина Трајкова Нурџиева е најмалата внука на македонскиот револуционер и деец Гоце Делчев. Еве што пред една година изјави таа за дејноста на Гоце Делчев и за која држава се залагал и борел тој.