Најголемиот војсководец во историјата на човештвото, Александар III Македонски, на својата смртна постела ги повикал своите воени генерали и им ги кажал неговите три конечни желби:
Најдобрите лекари требало да го носат неговито ковчег;
Богатството кое го собрал за време на долгите походи, требало да се постели долж поворката до гробот;
Рацете побарал да му бидат испружени надвор од ковчегот.
Еден од неговите генерали, кој бил изненаден со овие негови желби, побарал објасување од Александар. Неговиот одговор гласел:
“Сакам најдобрите лекари да го носат мојот ковчег, за да се види дека и тие не се моќни да направат нешто повеќе кога се соочени лице в лице со смртта”.
“Сакам патот од поворката до гробот да биде прекриен со злато, за луѓето да видат дека материјалното богатство што сум го стекнал на Земјата, ќе остане на Земјата”.
“Сакам моите раце да се веат на ветерот, така да луѓето сфатат дека на овој свет сме дошле со празни раце и дека го напуштаме исто така со празни раце, затоа што најдрагоценото богатство е сосем исцрпено, а тоа е ВРЕМЕТО”.
“Ние не носиме во гробовите било какво материјално богатство.
Времето е нашето највредно богатство, затоа што е ограничено.
Можеме да стекнеме повеќе богатство, но не можеме да стекнеме повеќе време.
Кога некому сне му дале дел од нашето време, ние всушност, сне му отстапиле дел од нашиот живот, кое никогаш нема да го вратиме назад. Нашето ВРЕМЕ е нашиот живот!
Најдобриот подарок кој можеш да му го подариш на своите најблиски е твоето време”.