Македонците од Австралија се спремаат да го бојкотираат празнувањето на 8. Септември

Нема да присуствуваме на традиционалната церемонија на кревање на македонското знаме на плоштадот во Мелбурн на 8 Септември годинава, соопштија од Македонскиот совет од Мелбурн и Викторија во Австралија.

Причината, како што наведуваат во соопштението, е срамниот Преспански договор и илегалната промена на името.

Македонците во Австралија велат дека традиционално за 8 Септември присуствуваат на кревањето на македонското знаме на јарболот на плоштадот во центарот на Мелбурн.

– Ние сме Македонци, нашиот идентитет е македонски и нашата татковина е Македонија, пишува во соопштението.

Организациите на македонската дијаспора за 8 Септември најавуваат протести пред македонските амбасади во Камбера и во Париз.

- Реклама -