Нови вознемирувачки детали за комплетирање на приказната за „Рекет“ и силни турбуленции се очекуваат наскоро, барем ако му се верува на италијанскиот новинар Ларис Гајсер, кој ги објави снимките од разговорите меѓу Камчев и Боки 13 во италијанскиот весник „Ла Верита“. Токму тоа го најави новинарот по неговото гостување во Радио Каподистрија пред три дена, за порталот „МКД.мк“.
Судејќи по денешниот разговор со порталот, се чини дека Гајсер ќе го исполни најавеното. Тој денеска вели дека е подготвен, а се чека само зелено светло од сведоците. „Вистинскиот земјотрес“ ќе започне откако ќе добие потврда дека сведоците се безбедни, дека се на сигурно и дека тој може да ги објави своите сознанија, вели Гајсер за „МКД.мк“. И претходно тој истакна дека му е најважна безбедноста на соработниците, како и да се осигура во доказите. Откако ќе објави сè, ќе биде подготвен да даде и дополнителни коментари и податоци, најави тој.
Во меѓувреме Гајсер е мета на хакерски напади. Тој ги предупредува македонските корисници дека профилот му е хакиран, а тврди дека зад тоа стои премиерот Зоран Заев. Повеќе за тоа ТУКА.