Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи по наредба на Специјалната обвинителка Катица Јанева била два пати денеска претресувана при влез на своето работно место во СЈО. Кога полицаецот на влезната врата и објаснил дека има наредба од Јанева да го претресе секој вработен, при секој негов влез во зградата на СЈО, Фетаи, велат очевидци на настанот, се шокирала и реагирала многу бурно.
„По вториот претрес, обвинителката Фетаи првин луто гледаше во безбедносната камера, која е поврзана со канцеларијата на шефицата Јанева. Беше многу навредена. Потоа ја плукна камерата и рече: ’Пу, Јаз’к!‘“, тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК очевидци на настанот.
Фетаи потоа се стрчала горе во нејзината канцеларија да бара објаснување зошто Јанева ги понижува обвинителите и вработените во СЈО на ваков начин. Но, не ја нашла. По извесно време пак отишла кај неа, но наишла на затворена врата. Секретарката не ја пуштила внатре.
Тензијата меѓу Јанева и нејзините помошници – обвинители трае уште од понеделникот, велат извори во СЈО. Според нив, Јанева кога се вратила од одмор ги викнала на колегиум обвинителите кои во тој момент биле на работа, оти друга група е на годишен одмор. Не им дала одговор на бројните дилеми околу нејзината поврзаност со „Рекет“ и со притворениот Бојан Јовановски. Според присутни лица на мини-колегиумот тоа утро,
Целата статија на СДК.МК