ВЕЧЕР СО ФОТО НА ЛИЦЕ МЕСТО: Катица седи дома и чека развој на настаните

Шефицата на СЈО во заминување Катица Јанева пред неколку дена се врати од годишен одмор во соседна Грција.

Таа беше фотографирана како ужива на песочните плажи додека ја масираат, а по завршување на одморот се врати на своите работни обврски во Специјалното Јавно Обвинителство, пишува Вечер.мк.

Многумина се обидуваа да ја најдат специјалната обвинителка, речиси никој не можеше да потрврди каде е со сигурност, сепак весникот Вечер.мк ексклузивно ја лоцираше Јанева во нејзината куќа во Скопје.

На прашањата на новинарите од Вечер, дали ќе даде изјава и да ја прокоментира актуелната состојба, таа одговорила со – Не.

Инаку денеска на своето работно место се врати и шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска па јавноста се уште чека кога Јанева ќе биде повикана на распит.

Инаку Катица Јанева беше една од оние чиј глас се слуша на видео и аудио снимките кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, поврзани со случајот Рекет.

Имено Јанева ја потврди автентичноста и изјави дека гласот на снимките е нејзин.

Сторијата и фотографиите се превземени од Вечер.мк.

- Реклама -