Автоголот на Заев

Заев е пред голема одлука. Ќе ги менува тактиката или играчите, или наместо од клупата, следниот „натпревар“ ќе го коментира од троседот во дневната соба. Најпрво нека расчисти сам со себе, коментира Борис Георгиевски
Некои го обожуваат, а други го мразат, но Жозе Мурињо беше голем фудбалски тренер. Во кариерата ги освои сите титули кои можат да се освојат. Но, Жозе имаше една голема мана.

А ќе тргнеа работите наопаку, му беа виновни сите, освен тој самиот: судијата, теренот, навивачите, противничките играчи, неговите играчи, новинарите, еднаш дури настрада и физиотерапевтката. Пред важни мечеви и особено по секој пораз на неговиот тим, Жозе имаше навика да влезе во модус „фул Мурињо“ и да направи скандал кој неизбежно го вртеше вниманието од главната тема и од клучните прашања: зошто неговиот тим игра лошо, и зошто тој самиот упорно инсистира на тактика која очигледно не функционира?

Славниот тренер, или менаџер, како што милуваат да кажат Англичаните, во меѓувреме заврши како коментатор. Седи пред ТВ камерите на телевизијата Скај и дава стручни коментари за мечевите на кои и тој самиот, некогаш, беше главна ѕвезда. Газдите на големите клубови, играчите и навивачите повеќе немаат доверба во Жозе, а нему суетата секако не му дозволува да води некој паланечки тим.
Фрустрација и немоќ
Од моментот кога македонскиот премиер Зоран Заев најави битка со дезинформациите, а нешто подоцна и инвестиции во вредност од 5 милијарди евра, неодминливо е чувството дека нешто е тргнато опасно наопаку во земјата. Доколку со тие најави и дефинитивно му дојде крајот на граѓанскиот наратив и се тргна во популизам кој секако ќе трае до следните избори, кога и да бидат, последниот испад на Заев укажува дека тој популизам е придружен со немоќ, фрустрација и очај. А тие се одраз на неуспехот, системот, каков-таков, да се постави на здрави нозе и да почне да функционира.
„Нема да дозволам неколку криминалци, суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја срушат Владата“.

Целата статија на Дојче Веле

- Реклама -