ЛГБТ заедницата го возвраќа ударот за “педерот” на Заев

Активистот за правата на ЛГБТ заедницата Кочо Андоновски во интервју за Алфа ТВ вели дека ако премиерот Заев зборот педер го користи како карактерна особина тогаш логично е и зборот политичар да може да се користи за опис на карактерни особини.

Андоновски вели дека тој и припадниците на ЛГБТ заедницата се навредени од изразот што го употребил Заев кој што како човек кој и помагал на оваа заедница не смеел да направи ваков чекор.

Ве повикуваме да се извините јавно, по уште понавредливите оправдувања, со цел да се санира штетата предизвикана врз јавното мислење од вашата изјава. Но уште поважно, Ве повикуваме интензивно и сериозно да се зафатите со унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Тоа е единствен начин да се надомести за исклучувањето, стигмата и насилството кое оваа заедница го искусува и да се изгради едно општество за сите!

- Реклама -