На денешната 149-та владина седница беше разгледана и усвоена и информацијата за имплементација на член 8 став (3) од Преспанскиот договор со Грција. Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската предвидена во наведениот став од Договорот и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба.
Вчера истече предвидениот „транзиционен“ период од шест месеци за имплементирање на овој став од Договорот, како што тоа го направи, на пример, ЈП „Водовод и канализација“, уште на 13 февруари годинава, ден откако Преспанскиот договор стапи на сила, кога го отстрани тепихот со Сонцето од Вергина (слика горе), откако Грција испрати протестна нота.