Чоколадно, а здраво! Ако сте љубител на здрави десерти, не пропуштајте ја можноста да ги пробате овие чоколадни бомбици без шеќер.
Се прават многу брзо и се идеални за секого. Не содржат глутен, посни се, вегански и не содржат шеќер. Засадени се со урми, а какаото и ванилата го исполнуваат и онака фантастичниот вкус. Иако комбинацијата на ореви, урми и какао е едноставна, вкусот е многу побогат од што очекувате.
50 г путер/маргарин
200 г чоколадо за готвење
1 пудинг од чоколадо
1 ванилин шеќер
малку арома од рум или ванила
пржени лешници
ПОСТАПКА:
50 г путер извадете на топло да омекне, а потоа добро изматете го и додадете 180 г ситно рендано чоколадо, а останатите 20 г исечкајте ги на покрупни парченца и додадете ги во смесата.
Откако ќе ги поврзете сите претходни состојки со миксер, додадете 1 лажица екстракт/арома од рум или ванила (а може и друг вкус по желба). Миксајте.
Во смесата додадете прашок од еден пудинг од чоколадо и ванилин шеќер. Продолжете со миксање додека смесата да започне да се зафаќа за маталките, а тоа значи дека путерот е растопен и дека можете да ги обликувате топчињата. Ако смесата и натаму ви е „прашкаста“, ставете ја смесата на топло (доволни се 5 минути на радијатор : ) )
Лешниците пропржете ги на суво, па сомелете ги, и додека топчињата се лепливи, валкајте ги и уживајте во нивниот прекрасен вкус!