Гајсер ги објавил снимките, па не можел да спие од загриженост

Италијанскиот новинар со словенечко потекло – Ларис Гајсер, не ги задоволи очекувањата на македонската јавност од неговото гостување во словенечкото Радио Копер (на италијански: Радио Каподистрија), за евентуална нова „бомба“ за случајот „Рекет“. Сепак, тој изнесе свои ставови, анализи, а и понекој интересен детал околу објавувањето на снимките, како тоа дека потоа не можел да спие од загриженост.

Како што рече Гајсер, тој очекувал дека веднаш по објавувањето на аудио разговорите, лицата чии гласови се слушаат во снимките ќе се огласат со деманти и ќе негираат дека тоа се навистина нивните гласови, што, според него, е сосема легитимно. Тој толку бил уверен, што од загриженост дека тоа ќе го направат не можел ни да спие. На крајот, вели, се покажало дека залудно се грижел:

„Не спиев од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие. Нешто што е сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив“, вели Гајсер, пренесува „Република“.

- Реклама -