Во 11 часот новинарот од „Ла Верита“ гостува на радио, се очекуваат нови детали за „Рекет“ (ВО ЖИВО)

За неколку минути, со почеток во 11 часот, на словенечкото радио „Каподистрија“ гостува италијанскиот новинар Ларис Гајсер, кој ги објави снимките за „Рекет“ во весникот „Ла Верита“.

Гостувањето во живо вчера Гајсер го најави на својот Фејсбук профил, при што индиректно посочи дека „фактите“ за кои ќе се зборува директно ќе ја интересираат Македонија. Оттаму, се очекува Гајсер во емисијата да соопшти нови детали или можеби снимки поврзани со случајот „Рекет“. Гостувањето на Гајсер ќе можете да го слушате на следниов ЛИНК: https://capodistria.rtvslo.si/zivo/capo

 

- Реклама -