Тасевски: Јас да го рекетирав Оркица, ќе ме собереше полиција уште на прагот

Фејсбук статус на Сашо Тасевски

Тоа што смрди на снимката е обвинителката која со обвинетиот тајно договара негово ослободување наместо да го гони. Тоа е исто ко Дел Понте да ја слушавме по телефон како му вели на Младиќ или Караџиќ, не се секирај, наредена. Или да го слушавме Џулијани како по телефон му вели на Џон Готи, се ќе биде во ред, те викам на распит како шминка пред јавност.

Смрди и тоа што сите вмешани во Рекет и некои од власта си оделе на гости еден кај друг,. Шеќерната и Катица кај Тредичи, Бобо кај Оркица, му праеле метании на кралот во влада, по општини. Потпишуеле меморандуми со него…

Смрди и тоа што видовме сваровски судиите и обвинителите на ГРУЈО си нашле нови спонзори. И си ги задржале старите. Па имаш од овој ми е страв нејќам да ме гони од оној не мие, наш е или наша е ми седи во скут.

Многу смрди тоа што апла зборат за пакување пари со ластичиња, во вакви и такви апоени, зборат за милионче, кое како така Оркица до среда ќе го набавел, оти немал толку кеш зашто се инвестирал.

А најмногу смрдат оние кои уште веруваат дека ова е измислено против власта, нешто со кое власта лесно ќе се справи и ќе докаже колку е чесна и невина. Не бе шушумиги и полтрончиќи партиски, не разбирате ништо. Таков рекет не може без потпора од власта. Јас да го рекетирав Оркица, ќе ме собереше полиција уште кога ќе ме испратеше со парите на прагот.

Ако до сега власта се тркалаше по гребенот, од овој скандал е веќе во слободен пад, а доле нема јоги душеци. Немаат ни падобран. Затоа баталете вашите спинови, уште повеќе ја иритирате јавноста со нив. Повеќе немате легитимитет да владеете.

- Реклама -