Што да кажам? Штом Заев го зема Цацко да му биде советник во кабинетот прашање на ден беше кога владата ќе се претвори во скечовите на К-15. Владава се надмина, и од скечеовите од К-15 премина во Кум 1, Кум 2, Кум 3… Она што Цацко сега го чека е да се смени раководството на МТВ па да се згне со нови проекти, и пак да ги заглави за 500.000 евра како што тоа им го направија со другарите му на националната телевизија претходно, во време на претходната власт на СДСМ.
Скапи му се на Заев вицовите што Цацко му ги раскажува. Со Боки Тредичи и Цацко циркусот со лажниот Порошенко ти следи како логична последица.
Па ако на листата профитни советници на Заев го додадеш и Љубе Бошкоски, ќе видиш дека продажбата на уставно име уствари да ти било проект кој не е изум на Заев, Никола Димитров, Шекеринска… На Љубе тоа му текнало пред нив.
Просто се чудам како Љубе Бошкоски, покрај сите аргати на СДСМ, не доби од Фонд за иновации барем 100.000 евра, колку да ја надомести загубата од кешот што Маноли му го даде во кеса од Зара во онаа прилика, кога Љубе беше уапсен пред камери. А што знам, може Заев и да му дал на Љубе 100.000 евра како надомест за штета од првиот обид за продажба на уставното име, па слушавме сите како Заев во разговор со лажниот Порошенко со леснотија нуди 100.000 евра за поткуп. Човекот си има 100.000 евра при рака секогаш, за секој случај, колку да тргне бизнисот, а поткупот му е рутина. Што ја гледаме и денес.
А денес гледаме видео серија за поткуп, уцена и рекет вршена од милениците на Зоран Заев, премиерот на Македонија кои, одеднаш, тој едвај ги познава. А толку се бореше за нив. За Боки Тредичи вршеше промоција, пола врв на СДСМ му прати во невладината за рекетот да добие на тежина и покритие. Радмила Шекеринска стана домашен пријател на Боки Тредичи кај кого оди на вечери и размена на мислења за стартешките определби на државата. Тоа што по Фејсбук и Твитер фрчат слики на скапи кондури и други подароци од Боки Тредичи за Шекеринска, тоа е само признание за нејзината 25 годишна кариера во политиката која, и онака, на Шекеринска и се памети само по ултра скапите гардероби. И петте станови.
Пишува: Латас
Целата статија тука