Од високите температури страдаат и земјоделските насади: Пченката на самото растение се претвора во пуканки

Од високите температури кои што ја зафатија Република Македонија страдаат и земиоделските насади.

Имено, земјоделските насади како пример пченката, од превисоките температури нејзиниот плод на самото растение се претвара во пуканки објави порталот Курир.

Инаку, како што објавиви претходно Курир, денешните температури надминуваат 50 степени, а исто се очекува и во наредните неколку денови.

Надлежните предупредуваат да се избегнува дирекно изложување на сонце.

Утре и задутре температурата ќе изнесува 41 степен, а ќе има и високо УВ зрачење. Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…

Во среда температурата ќе достигне до 40 степени, а попладнето и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи, кога се очекува и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

- Реклама -