Македонија со денови ја тресе скандал од големи размери во кои се вмешани и Катица Јанева и Зоран Заев, вака веќе четврти ден по ред италијанскиот весник „Ла Верита“ го опишува случајот Рекет во кој Боки 13 изнуди милион евра од бизнисменот Орце Камчев.
Во последното видео кое го објави весникот вчера во разговорот меѓу Боки 13 и Камчев се слуша како Боки 13 најавува каква ќе биде судската пресуда за еден од случаите и дека еден од поранешните функционери ќе го стават одма во затвор (што е посебна одлука на судскиот совет).
Ова скандалозно негово обелоденување е доказ дека Боки 13 однапред ги знаел и најавил двете судски одлуки, што отвора сомнеж дека се било договорено и наместено однапред.
-Веројатно одма ќе го стават во затвор, пресуда ќе има, поради тоа веројатно одма во затвор ќе го стават на лежење, ова Боки 13 му го вели на Камчев во видеото.
Тој додава дека Камчев бил „добар“ во прислушкуваните разговори, а ова е уште еден доказ за кредибилитетот на СЈО кое и така во последниот период се држеше на стаклени нозе, веќе се сруши откако Катица Јанева јавноста дозна дека била дел од рекетот заедно со Боки 13.