Новинарот на Ла Верита, Ларис Гајзер, утрово излезе со видео колумна за случајот “Рекет”

Новинарот на Ла Верита, Ларис Гајзер, утрово излезе со видео колумна за македонскиот случај Рекет. Ви ја пренесуваме во целост:

Објавата на Ла Верита од минатите денови по однос на аудио и видео материјалот за активностите околу рекетирањата што се случиле во изминатите години во Македонија, со знаење на канцеларијата на специјалната обвинителка предводена од Катица Јанева, се претвори во вистински политички и социјален земјотрес. Нашата редакција, како и долупотпишаниот, беше преплавена на дневна база, од илјадници пораки за поддршка и благодарност.

Скоро и да немаше критики и закани што вообичаено ги има во вакви случаеви. На сајтот, на тема за надворешна политика, високо надминавме над милион контакти. Можеме да кажеме дека Ла Верита на македонската популација и направи услуга од јавен карактер, размрдувајќи некои стагнирачки ситуации и враќајќи му ја довербата на еден народ сведен на константна изолација на којашто ЕУ изгледа дека го осудила со цел да го оствари планот за ограничување на суверенитетот на земјата. Македонците се еден горд народ, разочаран од корупцијата, и патат уште повеќе кога ситуацијата, дури и само индиректно, е поддржана од ЕУ.

Видео колумната можете да ја погледнете тука

Целата статуја прочитајте ја Тука

- Реклама -