Чифлиганец се јави за објавената снимка

Градежниот инвеститор Ванчо Чифлиганец вели дека се враќа во Скопје за да го расчисти случајот со наводите кои произлегоа од новообјавената снимка денеска од страна на италијанската „ЛаВерита“. Во истата,бизнисменот Орце Камчев му вели на Бојан Јовановски, обвинет во случајот „Рекет“, дека Чифлиганец барал дуќан за стоматолошка ординација за обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“.

– Во моментов сум надвор од Скопје. Со возачот ќе дојдеме за еден час. Прво да видам за што се работи. Не сум запознат добро со содржината и со ситуацијата. Потоа ќе се огласам со соопштение во медиумите – вели Чифлиганец за „Фактор“.

Инаку Стефанова денеска изјави дека со бизнисменот биле лични пријатели и дека Камчев тоа го злоупотребил.

– Ниту сум барала, ниту некој нудел дуќан. Јордан Камчев ваквата изјава ја дава со цел да ме дискредитира, бидејќи е свесен дека самиот го снима разговорот со Бојан Јовановски и знае дека еден ден таа снимка ќе ја пушти и ќе се слуша, рече денеска Стефанова.

- Реклама -