И Апасиев се јави за “Рекет”

Професорот Димитар Апасиев кого од почетокот на јуни го нема со своите луцидни коментари на социјалните мрежи се врати во јавноста.

Повод за враќањето случајот Рекет со Боки 13 и Катица Јанева.

На специјалната обвинителка која некогаш ја советуваше Апасиев и порача:

“Като, мори, душманке… 🤥”

Во друг пост тој ја коментира вчерашната снимка во кој Боки и Камчев зборат за тоа кој им доаѓал на вечера и фудбал:

“Бобо кај мене, Рада кај тебе 😉

#МилеМиТекна”

Во предходен пост професорот на правниот факултет во Штип напиша:

“Не се секирај за ништо”
Специјалната

Омилен дел од разговорите му е:

Боки 13: – „За малку активности да има у април [СЈО], затоа…“
Орце: – „Добро! Значи е техничко прашање, така“?
Боки 13: – „Така е“!
Орце: – „ШМИНКА, ШМИНКА. ОК“ (се смее) 😉

#РечеЖенанаЌеГиВрататПарите

Апасиев е единствениот член на тимот на СЈО каде беше советник, кој сам се повлече за да нема конфликт на интереси како член на раководството на Левица.

Отсуството на Апасиев од јавноста се должи на пишување на нова книга на професорот.

Споредбата меѓу Апасиев и Катица Јанева е поразителна за специјалната обвинителка.

- Реклама -