ЖЕРНОВСКИ: Надворешен и внатрешен непријател работат против РС Македонија да не влезе во НАТО и ЕУ

Нашите граѓани мора да знаат, и тоа треба да им се каже јасно и гласно, дека има надворешни и внатрешни сили, некој ќе каже структури, кои перманентно работат на проектот наречен „Република Северна Македонија не смее да влезе во НАТО и ЕУ“, изјавува заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

– Сите што директно или индиректно се вклучени во збиднувањата на полето на надворешната политика, воопшто не се изненадени од развојот на настаните. Напротив, го очекуваа ова, бидејќи во повеќе наврати беше најавувано ваквото сценарио. Зарем не ги видовме на дело пред, за време и после Референдумот, прашува Жерновски во статусот објавен на Фејсбук.

Тој натаму го следи „внатрешниот и надворешниот непријател“ на државата:

– Сега, откако од рака им избега нашиот (веќе сигурен и обезбеден) влез во НАТО, сите сили и капацитети им се насочен кон ЕУ, односно кон датумот за преговори. Во превод, проектот сега има полокализиран наслов и е заведен под името “Октомври”, но геостратешка цел останува иста. Во тој проект, се разбира дека се вклучени и медиумите. Понекогаш домашни, а (се’) почесто и странски. Тоа не е ништо ново, па затоа веќе е време да се навикнеме на тој феномен. Вклучени се и пари, многу пари. А тие, такви какви што се, знаат да влезат низ сите можни дупки, без разлика колку се тесни или широки, плитки или длабоки. Актуелната афера, без сомнение, им дојде “како нарачана”. И се разбира дека ќе ја (зло)употребат. Затоа сум уверен дека единствен наш можен и успешен одговор е- да се оди до крај. Ама до крај! Или ќе расчистиме кој се’ е инволвиран, или ќе си одиме. Секаде во светот, власта која е решителна и, што е најважно, искрена во намерата да се бори против корупцијата, е должна да овозможи и обезбеди услови за чесна истрага. Тоа значи истрага против секого, во функција на средување на правната држава. Таа битка е далеку од лесна и носи сериозни трауми, но затоа ќе бидеме држава каква што посакуваме.Впрочем, тоа го потврди и премиерот, со зборовите „секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда!- пишува Жерновски во опширниот статус.

Целата статија на денешен.мк

- Реклама -