Сите инволвирани ќе бидат сослушани или распитани. Обвинителството постапува неселективно“ вели Јавниот обвинител Љубомир Јовески за НОВА.
„Поради доверливоста на постапката однапред не може да се соопшти што презема Обвинителството, но сите инволвирани ќе бидат повикани на распит“ рече Јовески за НОВА, откако денеска италијанскиот весник Ла Верита објави аудио снимка од разговори меѓу осомничениот Боки 13 и Орце Камчев кој во предметот „Рекет“ е сведок на Обвинителството.
Јовески напоменува дека се преземаат континуирани дејствија.
„Екот на годишните одмори не се одразува на водењето на истрагата со оглед дека има назначен обвинител и истражители кои и сега постапуваат по предметот“ рече Јовески за НОВА.