Порталот 360 степени денеска објавува детализ а чудната коинциденција меѓу почетокот на иастрагата на СЈО и објавувањето на реклама за гевгелиска фирма на 1ТВ , каде сопственик е еден од осомничените за случајот ,,Поштенска банка”.
Истрагата за случајот „Поштенска банка“, за која обвинителката Лиле Стефанова во денешната изјава тврди дека нејзината шефица Катица Јанева барала да се затвори само со паричен надомест за државата и без затворски казни, се однесува на кривичното дело перење пари и други приноси. Меѓу осомничените е бизнисменот Томе Главчев – сопственик на „НОЕЛ Гевгелија“ и други фирми.
Две ипол недели по обелоденувањето на истрагата (13 октомври 2018 г.), за фирмата на Главчев осамна пи-ар текст на сајтот на телевизијата „1“ ,(29 октомври 2018 г.) во кој е прикажана како успешна македонска бизнис-приказна. Во пропагандниот текст, кој се уште е достапен на интернет-страницата, се вели и дека Главчев е исклучителен пример за успех во бизнисот и дека имал активна свест за општествена одговорност.
Во изминатите месеци на „1 тв“ редовно се емитуваше и реклама за „Ноел“ Гевгелија, позната по производство на кошули.
Во случајот „Поштенска банка“, судот по барање на СЈО го замрзна имотот на сите опфатени со истрагата, вклучително и имотот на Главчев и на неговите фирми, но со исклучок на еден стан. Незамрзнатиот стан на Главчев, како што објави порталот „А1 Он“, го купува екс-директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, кој пак важи за близок до шефицата на СЈО Јанева. Василевски станот го купил на 30 октомври 2018, што е 17 дена подоцна од отворањето на истрагата „Поштенска банка“, каде осомничен е и сопственикот на фирмата Томе Главчев. Извори од СЈО за порталот кажале дека Јанева не побарале замрзнување и на тој стан со образложение дека наводно се работело за проблематичен објект.
Во февруари годинава, по предлог на Јанева, Судот одлучил да му го врати пасошот на осомничениот Томе Главчев и да го ослободи од обврската да се јавува еднаш неделно во судот. Во замена за укинување на ваквата мерка, Главчев поднел парична гаранција.
Случaјот „Поштенска банка“ денеска обвинителката од СЈО Лиле Стефанова го спомена меѓу двата за кои Јанева барала да се затворат со спогодби и без затворски казни.
„На 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева беше одржан состанок на кој таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите Империја и Поштенска банка. Конкретно, ни беше наложено, најкасно до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмет кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител“, се вели во писмената реакција на обвинителка Стефановаденеска, откако таа беше спомената во аудио разговор за рекетот во „Империја“., пишува порталот 360 степени.