Костадинов коментираше на фејсбук постот на Мицковски: Наместо да бегаш од граѓаните излези и одговори на прашањата

Костадинов коментираше на фејсбук постот на Мицковски: Мицкоски, не врти вода матна не е ова хидроцентрала, вистината е една

Мицкоски, не врти вода матна не е ова хидроцентрала, вистината е една.
Наместо да бегаш од граѓаните излези и одговори на прашањата:
Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на објавената видео снимката се имаш сретнато?

Дали и што си примил на рака?

Дали со авторот на текстовите кои излегуваат во италијанскиот медиум Мицкоски си се сретнал во Будимпешта и дали му имаш нешто дадено?

Јавноста има право да ја знае вистината.
А за правдата од која толку многу се плашиш нека не ти биде полна устата.

Нема да ја срушите со сценарија, обиди да ги претставите како жртви тајкуните и да ги спасите.

Од прв до последен, одговорност ќе има.

Напиша Коста Костадинов на постот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски

- Реклама -