Обвинителката Лиле Стефанова, која во најновиот објавен снимен разговор што го пушти италијанскиот весник „Ла Верита“ осомничениот во „Империја“ Орце Камчев се обидува да ја компромитира со тоа дека наводно преку бизнисменот Ванчо Чифлиганец, барала дуќан за стоматолошка ординација, вели дека е лага од осомничен кој е свесен дека тој самиот се снима. Обратно е, вели таа, Камчев се обиде да влијае, но без успех.
За САКАМДАКАЖАМ.МК таа објаснува како токму Орце Камчев влијаел преку нејзиниот пријател Чифлиганец да се стопира истрагата и како за кое веднаш ги известила: Катица Јанева, колегиумот на Специјалното јавно обвинителство, осомничените и сите нивните адвокати.
„Во август 2018 година осомничените во Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание врз текот на истрагата за ’Империја‘, користејќи го моето пријателство со господинот Ванчо Чифлиганец. За оваа ситуација јас на колегиум ја известив Катица Јанева и присутните обвинители, а веднаш и мојот тим истражители. Господинот Чифлиганец сам дојде во просториите на СЈО. На таа средба само праша за што се води истрага околу неговите пријатели Јордан Камчев и Цветан Панделески. Јас му одговорив дека за истрага не можам да зборувам. Тука се затвори темата засекогаш“, раскажува обвинителката Стефанова.
За изјаваа на Камчев во снимката од телефонскиот разговор пуштен утринава во кој се слуша дека наводно на Бојан Јовановски му кажува оти Стефанова барала дуќан за ординација преку Чифлиганец, Стефанова вели:
„Ниту сум барала, ниту некој нудел дуќан. Јордан Камчев ваквата изјава ја дава со цел да ме дискредитира, бидејќи е свесен дека самиот го снима разговорот со Бојан Јовановски и знае дека еден ден таа снимка ќе ја пушти и ќе се слуша“.
Целиот текст прочитајте го тука