Ова е многу убаво потсетување од странците дека одморот на обвинителите и истражителите е избрзан. И оваа фаза од постапката е врзана со рокови. Колку повеќе одмор = толку помалку време за работа, помалку резултати, послаб предмет. Толку повеќе време за форматирање телефони и уништување на докази во другите предмети за кои има индиции во јавноста. Во спротивно, ризикуваме и други клучни фигури во истрагата да си го продолжат одморот (боледувањето) на неопределено. – Напиша на својот фејсбук профил поранешниот пратеник Павле Богоевски.