На веб страницата на миланскиот дневен весник Ла Верита утрово е објавен видео прилог со аудио снимки од како што се најавува договарањето меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев. Во една од снимките, весникот тврди дека е гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која преку телефон, како што вели новинарот, му потврдува на Камчев да не се секира дека се ќе биде во ред.
-Не се секирај за ништо се ќе биде ОК, вели женскиот глас за кој весникот тврди дека е на Јанева.
На објавените снимки се слуша како соговорниците се договараат, при што во еден разговор Камчев како што тврди весникот, го прашува Бојан Јовановски:
„Втора работа, не знам дали жената е со нас во играва, таа Лиле“, при што весникот тврди дека се работи за обвинителката Лиле Стефанова, која во тоа време го води предметот Империја.
Понатаму Камчев објаснува: „Еднаш, Чифлиганец кога ми се јави, ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации, за глупости и тие работи… Јас од….в сите тие работи, зашто не ме интересираше…“