Веднаш по објавувањето на видето снимката од страна на италијанскиот весник ЛаВерита, ТВ21 се обиде да стапи во контакт со Орце Камчев. Но, нашите обиди да добиеме потврда од него за автентичноста на видеото беа безуспешни. Камчев добро се гледа на видеото, а потоа и неговиот глас се слуша во аудио снимката како се договара со Боки 13 за случајот Империја кој го води СЈО, односно за тоа што нема да преземе обвинителката Катица Јанева при поднесувањето на жалните на неговите адвокати до Апелацискиот и Врховниот суд. Сепак, во целата ситуација останува прашањето како е можно Боки 13 и Кичеец да не знаеле дека се снимени од безбедносните камери од домот на Орце Камчев. Инаку, Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зорн Милевски, познат во јавноста како Кичеец, веќе се во притвор за случајот Рекет.
еднаш по објавувањето на видето снимката од страна на италијанскиот весник ЛаВерита, ТВ21 се обиде да стапи во контакт со Орце Камчев. Но, нашите обиди да добиеме потврда од него за автентичноста на видеото беа безуспешни. Камчев добро се гледа на видеото, а потоа и неговиот глас се слуша во аудио снимката како се договара со Боки 13 за случајот Империја кој го води СЈО, односно за тоа што нема да преземе обвинителката Катица Јанева при поднесувањето на жалните на неговите адвокати до Апелацискиот и Врховниот суд. Сепак, во целата ситуација останува прашањето како е можно Боки 13 и Кичеец да не знаеле дека се снимени од безбедносните камери од домот на Орце Камчев. Инаку, Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зорн Милевски, познат во јавноста како Кичеец, веќе се во притвор за случајот Рекет.