Од кај знаел Боки дека СЈО нема да преземе вондредни лекови за притворот на Камчев?

Од каде знаел Боки 13 дека СЈО нема да преземе вонредни правни лекови со цел Орце Камчев да биде ослободен од притвор на 4 март годинава.

Во видеото кое го објави италијанскиот весник Ла Верита се слуша како Боки 13 го најавува тоа што подоцна и се случува: СЈО молчи и не презема никаква процесна постапка со цел Орце Камчев да биде ослободен од притвор.

Во разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, во кој Боки за една недела го промашува датумот до кога ќе биде ослободен тој зборува практично во име на СЈО најавувајќи како ќе се однесува неговата шефица Катица Јанева.

Боки 13 на видеото вели:

“Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А Апелација?!

Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски.

Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продужува, да го одолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода”, раскажува трендсетерот во стил на долгогодишен обвинител, адвокат или судија.

Како Боки знаел како ќе се однесува Катица Јанева е главното прашање за кое сега ќе треба да одговори истрагата предводена од обвинителката Вилма Русковска.

Според законот за СЈО и како што кажаа јавно колегите на Јанева, таа е единствената која формално решава за преземање процесни активности како барање за продолжување притвор.

- Реклама -