Зошто Јанева уште е на слобода и досега не е приведена?

Три недели по апсењето на Бојан Јовановски и откривањето на мега скандалот „Рекет“ истрагата за тој се’ бил вмешано во изнудувањето на милионски суми пари се чини тапка во место. Покрај ова, лицата за кои постојат сериозни индиции дека се наоѓаат во самиот врв од групата која го вршела рекетот се уште се на слобода. Меѓу нив и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева која деновиве е забележана на една од грчките плажи заедно со нејзиниот син, Лазар Јанев.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција кое го води предметот „Рекет“, не прецизираат дали им е позната и дали ја имаат како доказен материјал видео снимката што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“.

– Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази, изјавија за МИА од Обвинителството.

Исто така, снимен е и разговор во кој Бојан Јовановски му кажува на Камчев дека Катица Јанева, како што вели, нема да употреби вонредни правни мерки и дека ќе биде укинат притворот.

Според датумот на снимката, видеото е снимено на 20 февруари годинава, а Камчев со одлука на Врховниот суд беше ослободен од куќен притвор на 4 март.

- Реклама -