Светлозар Елдаров се придружи на долгата низа бугарски историчари во пресметката со „(нео)македонизмот“, кој, според него, е „пристап на малите деца, кои си го присвојуваат тоа што им се допаѓа“.
Повод за ваквата дефиниција му е написот во весникот „Нова Македонија“ за Македонците како доминантни во бугарската раководна елита по Втората светска војна и, воопшто, во општествениот живот.
„Ним буквално им се допаднале делови од брошурата ‘Македонците во културно-политичкиот живот на Бугарија“, истражување направено од македонските братстав и издадено во 1918 година. Во брошурата двата најупотребувани збора се Бугарија и Бугари и таа е пишувана како доказ дека македонските Бугари се неделив дел од бугарската нација“, изјави Елдаров за телевизијата Бугарија он ер, објаснувајќи ја „технологијата на кpaдење на историјата“ од македонска страна.