Вчера, нешто по 22 часот, настанала голема паника на Тајмс Сквер. Стотици Њујорчани се разбегале мислејќи, по серијата оpyжени мacaкpи, дека се работи за иcтpeли од огнeнo opyжје, создавајќи стампеда во кината, продавниците и рестораните на Тајмс Сквер. Всушност, како што соопшти и полицијата, се работело само за звук од ауспусите на неколку мотори кои во тој момент поминувале на Тајмс Сквер.
There is no #ActiveShooter in #TimesSquare. Motorcycles backfiring while passing through sounded like gun shots.
We are recieving multiple 911 calls. Please don’t panic. The Times Square area is very safe! @NYPDnews @NYPDTimesSquare
— NYPD Midtown North (@NYPDMTN) August 7, 2019
Сепак, затекнатите Њујорчани сведочат дека атмосферата била страшна. Една од нив раскажува како со ќерката биле на излегување од кино кога одеднаш влетало стампедо од луѓе. Вели дека врескале и плачеле и се качувале еден преку друг. Нејзината ќерка ја истуркале зад вратата, а таа не можела да стигне до неа.