ЕВН отфрла вина за шесте изгорени станови во Гевгелија поради вклучена греалка

Екипите на Електродистрибуција се обврзани со рок да постапат согласно налогот за повторен приклучок, кој се издава непосредно по плаќањето од страна на исклучениот корисник, а токму тоа го правела екипата на ЕВН во зградата на улица „Ристо Чавдаров” во Гевгелија, велат од ЕВН во реакцијата по повод обвинувањата од станар од зградата дека екипата на ЕВН е виновна за вклучената греалка сред лето, која го причинила пожарот.

Во моментот на приклучување на корисникот, на мерното место не бил констатиран никаков дефект, а вработените кои излегуваат на терен не се во можност да знаат како корисниците ја користат електричната енергија во нивните домови, велат оттаму. „Правилното и разумно користење на електричните апарати во домаќинствата е одговорност на самите корисници“, се вели во реакцијата, пренесува „МКД.мк“.

- Реклама -