ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ имаат сосема спротивстватени гледишта околу изборниот модел, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „МКД.мк“.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ДУИ е за намалување на бројот на изборни единици од сегашните шест – на три. Најголемата владејачка и најголемата опозициска партија се против овој модел, велат оттаму; ВМРО-ДПМНЕ сака мнозински изборен модел со 120 изборни единици и еден изборен круг. СДСМ пак, е за една изборна единица со отворени листи.
Од СДСМ, пак, се согласни дека треба да се отвори прашањето за изборните единици, но велат дека за нив прифатлив е моделот со една изборна единица со преференцијални листи. Сепак, од СДСМ не ја исклучуваат можноста бројот на изборни единици да биде намален од шест на три, како што, според ВМРО-ДПМНЕ, сака ДУИ. Повеќе околу согласувањата и несогласувањата од преговорите на партиите околу парламентарните избори, терминот, изборниот законик, ДИК и други, прочитајте во статијата на „МКД.мк“.