Колумна на Героски: Заев, Шеќеринска и Ременски го крунисаа „кралот“ Боки 13-ка

Аферата „Рекет“ се продлабочува, се комплицира и се наметнуваат три клучни прашања, на кои допрва ќе се бараат одговори:

Првото прашање е за кои дела би можеле да се кривично одговорни осомничените Бојан Јовановски, Зоран Милевски – Кичеец, но и други лица кои засега не се опфатени со истрагата, пред сѐ специјалната обвинителка Јанева, како и потписниците на спорните договори меѓу градежни компании и невладината организација Меѓународен сојуз, а пред сѐ личностите кои ги подигале спорните уплати како хонорари.

Втората дилема е какво и колкаво било влијанието на Зоран Заев, на Радмила Шеќеринска и на потпретседателката на парламентот Фросина Ременски, три водечки лика во македонската политика, врз успешноста на групата на Бојан Јовановски, во нејзините злосторнички активности. При тоа, еве, беспоговорно го прифаќам тврдењето на Заев дека бил злоупотребен и оваа теза ја проширувам на тројцата спомнати.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

И трето, големо прашање е каков би можел да биде натамошниот тек на истрагата и како тој ќе се одрази врз популарноста на владата на Зоран Заев?

Да одиме со ред, во обид да понудиме одговори на трите прашања. (Извадок од денешната колумна на Бранко Героски за „Плусинфо“. Целата прочитајте ја ТУКА.)

- Реклама -