Спиридон Сфетас: Договорено е дека Словените немаат никаква врска со античките Македонци

Постигнат е договор за неколку важни историски прашања меѓу Скопје и Атина, изјави за грчки „Етнос” Спиридон Сфетас, член на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања, јавува МКД.МК.

„Кога Словените дошле на територијата на географска Македонија се идентификувале како Македонци. Тоа е смешно!“

„За византискиот период прифатија дека Словените не го земале името Македонци од античките Македонци, и дека термините Македонци и Словени не биле идентични во средниот век“. За грчката страна не е спорно во нивните учебници повеќе да се изучува за балканските народи што било барање на македонската страна, изјави Сфетас.

- Реклама -