Весна Петрушевска се огласи за “Рекет”

Знаете што најмногу ме загрижува, ме поразува како човек во целата оваа сага “Рекет”…да смислиш како да украдеш пари со тоа што ќе формираш факинг меѓународен сојуз( не е за голема буква се извинувам) ќе изигруваш голем хуманитарец, ќе навредиш достоинство на сите стари и изнемоштени лица , во тоа ќе ти прават друштво полусветови кои мислат дека го фатиле горнион за мадиња со својата неукост и неписменост и сето тоа ќе го напрчат со ликови од нашата влада кои земаат пари од даноци кои ние редовно ги плаќаме.

Во животот имам толку направено за оваа држава и сеуште правам, помагам, творам, борец сум за прашања кои не се ни обиделе да ги отворат.Да украдеш пари за ѓомити старски домови па тој некој и да им даде … па крв поплукав за независни проекти, еве ќе снимаме детски серии , тинејџерски се потепавме од спонзори барање ( многу тешко дечки , ама многу) имам актерска школа каде децата ги учам на вистински вредности….за на крајот од денот да ви залепат шамари полусветови!!!Не дај боже дете да ви се разболи во овој систем, не само што ќе бидете гневни , несреќни, обесправени … ќе се соочите дека иако сте тука секој ден за државата …таа не е тука за вас …Да ви се намочам на сите од прв до последен…и на претходни и на сегашни , за идни немам ни идеја кој би можел да биде јунакот сериозно…ама многу сум лута …ооо и да играм во театар и ќе играм само тоа не може да ми земете!!!

Сега читам дека ќе ги укинете оние национални пензии.Па укинете ги … моите другари актери кои се на таа листа ќе преживеат и без нив.Сите имате кратко паметење.Јас имав 25 години јубилеј мислите дека некој од Владава се сети телеграма да прати? Мене МНТ ми е домот 26 години.Така ги забораваме и нашите доајени.Така сите ќе не заборават…јас барем инвестирам во деца кои ќе имаат сон пред себе и ќе го сонуваат .Баш е тешко дечки !Ама навистина тешко…

- Реклама -