Субвенции и за старите возила

Во своето интервју дадено за Алсат-М, министерот за економија Крешник Бектеши ги дообјасни намерите на владата за воведување субвенции за купување на нови возила ако старото се однес на отпад.

Тој конкретно изјави дека субвенциите во висина од 20-30% од вредноста на новонабавеното возило ќе важат како за сосема нови, така и за половни, веќе користени возила увезени од странство кои ги исполнуваат Еуро 5 или 6 стандардите за издувни гасови, со тоа што нивната вредност не треба да биде поголема од 10 до 12 илјади евра. Притоа наведе дека старото возило што ќе се расходува треба да биде со Еуро 2 или 3 стандарди, но без да прецизира дали секој граѓанин, без разлика на приходите што ги има, ќе може да добие субвенции. Електричните и хибридните возила не ги спомена, но доколку и тие се вклопат во овие критериуми тогаш и за нив ќе се добијат субвенции.

Извадокот од интервјуто на министерот за економија Крешник Бектеши дадено за Алсат-М можете да гo погледнете тука.

- Реклама -