Пред 50 години, по повод 25 години од АСНОМ, висока делегација дошла на чествувањето на Илинден во Крушево, предводена од Јосип Броз-Тито
„Споменикот ,Илинден’ или ,Македониум’ се наоѓа на ридот Гуменија во Крушево. Изградбата почнала во 1970 година и биле потребни четири години за да биде завршен. Дело е на архитектите Јордан и Лира Грабул. Висок е 25 метри, изграден е од лиен бетон арматура и стакло. Денес се наоѓа во добра состојба“.
Ова се основните карактеристики за споменикот на веб-страницата www.spomenikdatabase.org. Денеска местото ќе биде преплавено од високи делегации, гости и посетители кои традиционално ќе го одбележат 2 Август, попознат како Илинден.
Споменикот во Крушево е сеќавање на револуционерниот отпор во Илинденското востание во 1903 година против Отоманската империја, но и во спомен на борбата на партизаните за слобода во Втората светска војна. Сепак, примарниот историски настан кој го чествува споменикот е Илинденското востание на 2 Август 1903 година, кога востаниците ја прогласиле Крушевската Република, под раководство на учителот Никола Карев кој подоцна подоцна станал воен херој. Ослободената територија траела помалку од две недели кога била задушена од нападот на 176.000 турски војници. Загинале или биле погубени околу 9.000 востаници.
Партизаните пак дале огромен придонес во народноослободителната борба во Втората светска војна. Во манастирот „Прохор Пчињски“ на 2 Август 1944 година се одржало Првото заседание АСНОМ со што Македонија и официјално е прогласена за република во рамките ан Југославија. Ова се смета за „Втор Илинден“, па и денес се чествува како Дена на републиката.
Целата статија на факултети.мк