Кој им дал таква задача и дали тоа го правеле само заради едно капче, сендвич или го правеле за многу посериозен надомест? Која е таа „северна” и колку ваквото скандирање ја милува „жицата македонска” на Зоран Заев? СДСМ е срам за Македонија и Македонците. Заевиот СДСМ е срам и за искрените и чесни членови на партијата, кои знаат дека Македонија е пред се и над се“, СДСМ и Зоран Заев организираа илјадници полицајци и исто толку партиски послушници само за да не се сретнат со народот и да се чувствуваат конфорни на Мечкин Камен.
СДСМ и Зоран Заев не само на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на претставниците на семејството Кареви и на другите илинденци од Крушево, не им овозможи соодветно да се поклонат пред спомен обележјата.
На крајот на краиштата СДСМ и Зоран Заев организираа прослава која беше срам за целата јавност во која што се фалсификуваше историјата на Македонија и нејзината борба за самостојност“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат и дека интересен е изборот на СДСМ да не го коментира случајот Рекет во кој што се длабоко заглавени а од целата прес конференција да реагираат само на одговори на новинарски прашања.