Нова: Сите невини, кутри жртви на Боки

Во целата сага за наводниот рекет на Боки 13, имате неколку нивоа на паднати невини жртви и воедно, принесувања на олтарот на неколку жртвени јарци.

Велам наводен рекет, затоа што досега ништо не е докажано, ниту потврдено, ниту пак докрај истражено, што остава само простор за огромен сомнеж дека во позадината се кријат други, подземни мотиви.

Се говори дека се работи за извесни нечисти, мрачни сили кои се замешале, туркајќи ја земјава во политички и економски бездан, но на ум не ги имам евро-атланските и европските интеграции, ниту пак уништувањето на прогресивната сила на СДСМ- Зоран Заев. Не, не се работи воопшто за тоа.

Се работи за сосема поклучни и стратешки цели кон кои бил насочен ударот- најважната, за која се говори тивко, од уво на уво, не смее воопшто да се изговори, ниту пак соопшти јавно и затоа ќе мора да се премолчи, се додека не се обелодени конечното уништување на земјава.

Во исто време, најголемите жртви се одамна познати невини лица- Боки 13 и Зоки Кичеец, кои во моментов се во притвор, но се надевам, со можност брзо да закрепнат од подземните удари на непознатите сили, и конечно да бидат пуштени на слобода да дејствуваат и понатаму, како и досега, за доброто на оваа вечна, неуништлива земја.

Втората жртва на смислените подметнувања е секако специјалната обвинителка Катица Јанева, чие име несомнено се злоупотребувало, но ниту таа, ниту пак некој друг, не може во целост да дојде до конечни сознанија- кои се тие лица и со каква корист се здобиле. Што веројатно е најдобро, да не се открие ништо, ниту пак да се истражува, затоа што само така може и понатаму жртвите да го добиваат статусот на херои- најмногу заради јунаштвото што не подлегнале на притисоците да проговорат.

 

Целата статија на Нова Тв

- Реклама -