Милошоски до Богоев: Добро момче во лошо друштво …

Пратеникот Антонио Милошоски објави заедничка фотографија од градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, како и меморандумот за соработа помеѓу општината и контроверзниот Меѓународен сојуз Скопје

„Драг Стефан, ти си пример за тоа што може да му се случи на добро момче во лошо друштво! Поздрав, Антонио“, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук.

Претходно општина Карпош и Богоев реагираа дека меморандумот е необврзувачки декларативен документ и дека немало никаква соработка и никаков проект со Меѓународниот сојуз Скопје на Јовановски.

- Реклама -