Додека главните објективи беа насочени кон главните настани на Мечкин Камен, случувањата зад и околу нив останаа во втор план, оставајќи простор и за низа шпекулации, на пример за тоа како бил пречекан премиерот Зоран Заев и владината делегација.
Дилемите делумно ги разрешува Љупчо Николовски – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и генерален секретар на СДСМ. Тој на друштвените мрежи сподели видео во кое се слушаат овации и скандирање на името на премиерот Зоран Заев додека тој и владината делегација пристигнуваат на Мечкин Камен во Крушево, по повод чествувањето на Илинден.