Николовски го честита Илинден: СДСМ и граѓаните имаат должност да продолжат по патот на нашите славни предци

По повод празникот Илинден, денеска од пред споменикот „Илинден“ (познат и како „Македониум“) во Крушево со честитка се обрати генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски. Тој порача дека СДСМ и граѓаните имаат чест, но и обврска, да го продолжат патот на слободата, демократијата, интеграцијата и напредокот – пат кој го започнале, како што вели, нашите славни претци од Илинденското востание и подоцна на заседанието на АСНОМ, со поставувањето на темелите на нашата државност.

Николовски порача дека остануваат силно посветени на градењето на едно општество за сите граѓани, како и на клучните цели на државата – членство во НАТО и ЕУ.

- Реклама -