„Време во кое и ѕидовите имаат уши, а никој не сака да нè чуе“, пишува оперскиот пејач Игор Дурловски, кој доби ослободителна пресуда за упадот во Собранието на 27 април, на Фејсбук.
Дурловски со тоа го честита празникот Илинден, споделувајќи видео по теркот на оние виралните во кои семејства пеат додека се возат во кола, со таа разлика што наместо некое актуелно светско поп хитче, Дурловски, неговата сопруга Ана (исто така оперска пејачка, нели) и нивните деца, ја испејаа „Налеј, налеј“, односно „И ние сме деца на Македонија“ во чест на празникот.