Започнува Виноскоп, најевтината чаша вино – 70 денари

Вечерва во 21 часот, на плоштадот Македонија, започнува шестиот по ред фестивал за промоција на вино „Виноскоп“. Манифестацијата ќе ја отворат министерот за шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

На годинешново издание на Виноскоп ќе бидат застапени повеќе винарии: „Тиквеш“, „Стоби“, „Бовин“, „Сковин“, „Шато Сопот“,„Попов“, „Попова Кула“, „Шато Камник“, „Филовски“, „Визба Валандово“, „Вардарска Долина“, „Пивка“, „Дудин“, „Изворно“, „Имако“, „Картал“,„Винарија Охрид“, „Пирган“ и „Бахус-Алтан ракија“. Фестивалот ќе се затвори во недела.

Принципот за купување вино ќе биде ист како и на досегашните изданија на фестивалот, со ваучери. Основната цена, на најевтиното вино ќе биде 70 денари, а понатаму, винариите сами ќе ја одредуваат цената, според квалитетот на виното што сакате да го пробате. Како и до сега, покрај виното ќе има и неколку штандови на кои ќе се нуди и храна.

Прочитајте и:  „Бела Вода“ на „Tikveš Château & Domaines“ прогласено за најдобро вино од земјава на Open Balkan Wine Trophy Competition во Белград

За забавата на посетителите ќе се погрижат повеќе македонски музички ѕвезди:  Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, Нокаут, Миле Кузмановски, Нино Величковски и други. Новина оваа година е тоа што ќе гостуваат и два бенда од Косово.

- Реклама -