Оставката на Јанева засега не постои

Најавената оставка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева сè уште не е писмено доставена до Советот на јавни обвинители, вели Претседателот на Советот – Коле Штерјев, но потврдуваат и од СЈО. Сè додека тоа не биде направено, усната изјава на Јанева не може да се смета за оставка, пишува „Слободен печат“.

„Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот“, вели Штерјев за весникот.

Според професорката Мирјана Најчевска, сè додека не се достави оставката согласно со процедурите, постои само јавно изнесена намера, а Јанева во СЈО ја има истата улога која ја имаше и досега.

Јанева, уште кога ја соопшти, рече дека нејзината оставка ќе ја активира штом партиите се договорат за нејзин наследник. Во меѓувреме нејзината оставка би значела и распуштање на целото СЈО, бидејќи според Законот за СЈО, институцијата е еден човек, а сите останати се негови помошници и имаат ограничени овластувања. Повеќе детали и целата статија прочитајте ја ТУКА.

- Реклама -