КАЈЧЕВ: ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД РАБОТАТА НА ЗАЕДНИЧКАТА КОМИСИЈА ЗА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

Поранешниот конзул на Бугарија во Република Македонија и потпретседател на Мешовитата комисија за историја на Македонија и Бугарија, Наум Кајчев, во интервју за бугарската телевизија Европа вели дека е задоволен од досегашната работа на комисијата. Што уште кажа Кајчев пред тв Европа, погледнете во видеото:

„Постигнавме резултати за клучни личности како Светите Кирил и Методиј, Свети Наум, Свети Климент Охридски, цар Самуил. Чекор по чекор, ќе ги градиме овие заеднички места на нашата заедничка историја што треба да нè обединат “, вели професор Кајчев.

Тој е оптимист дека историчарите веќе во септември ќе постигнат консензус за личноста на Гоце Делчев.

„Мислам дека веќе стана јасно од изјавите на историчарите и политичарите од Република с.Македонија, кои недвосмислено тврдат дека Гоце Делчев имал бугарски национален идентитет, вели Кајчев и додава дека останува уште многу работа.

Според него, експертите мора да се согласат за личноста на Даме Груев, Браќата Миладиновци и последно, но не и најмалку важно, да ја кажат вистината за Илинденско-Преображението востание.

Но, најважно од сè, според доц. Проф. Којчев, е историскиот договор да најде место во учебниците, но и во главите и на Бугарите и на Македонците, вели Кајчев за Телевизија Европа.

- Реклама -